Парондо vs Дејвис – шпанска битка за историја

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Испреплетената ракометна судбина на Роберто Парондо и на Давид Дејвис ги доведе Шпанците во голем дуел кој уште на почетоците на тренерските кариери може да им донесе историја. Парондо со Вардар против Давид Дејвис со Веспрем, еден од нив ќе влезе во историјата. Ќе стане вториот кој ја освоил ракометната Лига на шампионите и како играч и како тренер по Талант Душебајев.

Парондо и Дејвис заедно, како играчи имаат две титули со Сиудат Рeал. Во клубот играа долго заедно, а ја делеа соблекувалната и во шпанската репрезентација.

И почетокот на тренерските кариери им е поврзан. Дејвис му беше помошник на Раул Гонзалес во машкиот тим и привремен главен тренер на женскиот состав на Вардар. Парондо пак ги предводеше девојките пред да го замени Ганзалес кај ракомтарите.

Давид Дејвис беше во тренерскиот тим на Вардар кога во 2017 година црвено-црните ја освоија европската титула.

Сега двете поранешни шпански крила ќе се борат за титулата во Келн. Победникот ќе биде дветтиот шпански тренер кој го кренал пехарот ов Лигата на шампионите, а четврти тренер од оваа земја на кој му успеало тоа на Ф4 тунирите во Келн по Чави Пасквал, Талант Душебајев и по Раул Гонзалес.

Се вчитува...