Партизан доминантно против Будуќност за место во финалето на АБА

Партизан е првиот финалист на АБА лигата откако во полуфиналната „мајсторка“ против Будуќност славеше со убедливи 101-77. Предноста која ја остварија „црно-белите“ во втората четвртина им донесе позитива од 55-35 на полувреме и истата беше преголем залак за гостите од Црна Гора.

Со 30 поени и 3 асистенции лидер на Партизан беше Пантер, а него го следеа Ледеј со 16 поени и 4 скока и Загорац со 11 поени и 3 скока. За гостите 17 поени постигна Шелеј, додека Пери додаде 15 поени и 2 асистенции.

Се вчитува...