Партизан катастрофално ја почна сезонава во српскиот шампионат, па управата на „црно-белите“ беше принудена и мораше да доведе ново име како шок-терапија за тимот предводен од Саша Илиќ.
Синоќа беше комплетиран важен трансфер откако Партизан објави дека е потпишан двогодишен договор со Никола Чумиќ, 27-годишен крилен напаѓач кој доаѓа од рускиот рубин Казањ. Клубовите долго преговараа, Партизан има сериозни финансиски проблеми, па Рубин на крајот се согласи на трансфер без никаква отштета во моментот на потпис, но со неколку клаузули поврзани со број на одиграни натпревари и со процент од следниот трансфер.
Овој фудбалер ја почна кариерата во Слобода Ужице, потоа играше и за Раднички Ниш, по што ја почна интернационалната кариера во која ги бранеше боите на грчки Олимпијакос, потоа на Спортинг Хихон во Шпанија, како и во швајцарски Луцерн пред да заврши во Рубин.
Чумиќ вчера го одржа и првиот тренинг со тимот, но нема да може да настапи за „црно-белите“ на претстојниот двомеч од квалификациите за Конференциската лига против шпански Хетафе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
