Партизан доведе поранешен кошаркар на Сакраменто Кингс

Кошаркарскиот клуб Партизан се засили на центарската позиција со поранешниот кошаркар на Сакраменто Кингс Ерик Мика. Американецот европската кариера ја градеше во Германија и Италија, а потоа се врати во САД.

Минатата сезона ја помина во екипата на Стоктон Кингс, тимот на Сакраменто кој се натпреварува во Д-лигата, а имаше кратки авантури и во првиот тим на Кингс, а играше и во кинескиот Синкјанг.

Ова за тимот од Хумска е трето засилување сезонава. Претходно „црно-бели“ станаа и Коди Милер Мекинтајер и Немања Дангубиќ.

Се вчитува...