Партизан доведе засилување по кризата со повредени играчи

Партизан успеа да ангажира ново засилување во ситуација кога Жељко Обрадовиќ има сериозни главоболки поради повредите на неколку кошаркари. Од денеска нов член на „црно-белите“ е Владимир Бродзиански, словачкиот репрезентативец кој настапува на позицијата крилен центар и ќе биде од значајна помош за евролигашот во борбата под обрачите.

Тој најдобрите денови во кариерата ги мина во шпанскиот прволигаш Хувентуд, каде настапуваше заедно со нашиот Ненад Димитријевиќ. Во 2022 година си замина од Бадалона, а во Партизан доаѓа од редовите на турскиот прволигаш Башакшехир.

Само за потсетување, Партизан синоќа претрпе убедлив пораз од Олимпијакос, меч за кој Обрадовиќ имаше само осум кошаркари во ростерот поради бројните повреди.

Се вчитува...