Претседателот на КК Партизан, Остоја Мијаиловиќ, преку социјалните мрежи даде одговор на актуелните гласини за лиценцата во Евролигата.
Мијаиловиќ истакнува дека црно-белите ги убедиле и другите клубови, кои имаат сопственички удел во Евролигата, дека заслужуваат да играат во елитното натпреварување.
„Во текот на изминатата година имав средби со многу сопственици или претседатели на клубови кои имаат сопственички удел во Евролигата. Мислењето на секој од нив е дека успеавме да ја заслужиме нивната доверба и денес нè гледаат како долгогодишен партнер. Стабилизацијата на клубот на која работиме со години е јасно видлива денес“ – напиша Мијаиловиќ и додаде:
„Партизан нема долгови и ги плаќа сите свои обврски навреме. Со системот кој го создадовме, со силно управување, со луѓе кои се во стручниот штаб и имаат децении искуство во Евролигата, со целосна поддршка од нашите навивачи, ние сме на само еден чекор од добивањето на повеќегодишен договор за играње во најсилната европска кошаркарска лига“.
Следниот натпревар на Партизан во Евролигата е во петок од 20:45 часот во Белград против Ефес.
Партизан сезонава води голема битка за плеј-ин, или плеј-оф и моментално е на 10. место на табелата со скор 15-14.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА