Партизан е повеќе од клуб – Американецот Ледеј од тетратка го читаше текстот на клупската химна (ВИДЕО)

Партизан во трилер завршница славеше над Хувентуд со 68-67 во кошаркарскиот Еврокуп. Кевин Пантер со кош на четири секунди до крајот на мечот донесе триумф за „црно-белите“, но покрај Пантер и Ледеј е херој на публиката во „Пионир“.

Американскиот кошаркар на почетокот на мечот си донесе тетратка во која беше напишан текстот на химната на белградскиот тим. Додека навивачите традиционално пред мечот ја пееја, тој им се придружи читајќи го текстот од тетратката.

 

 

Се вчитува...