Словачка има нов селектор: Добро познато име се враќа на клупата

Кога нема кој, тука е Владимир Вајс. Легендата на словачкиот фудбал повторно ја презеде репрезентацијата на Словачка, откако Италијанецот Франческо Калцона поднесе оставка по неуспехот во баражот за пласман на Светското првенство.

Вајс се враќа на кормилото на Словачка, откако во периодот од 2008 до 2012 година го предводеше националниот тим, и го однесе до 1/8 финале на Мундијалот во 2010 година.

Од 2021 година, искусниот стручњак е тренер на Слован Братислава, со кого ја освојуваше шампионската титула во Словачка во секоја сезона за време на неговиот мандат.

Потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Словачка, Карол Беланик, изјави дека селекцискиот одбор едногласно го поддржал Вајс да се врати на таа позиција.

Калкона ја напушти клупата на Словачка по четири години, откако репрезентацијата не успеа да се квалификува за Светското првенство оваа година, бидејќи беше поразена во плејофот.

Се вчитува...