Партизан го чекаат големи промени летово: Завршуваат договорите на Пантер, Лесор, Егзум, Ледер, Нанели, Папапетру…

За разлика од оваа сезона кога немаше потреба од многу промени во тимот, за следната сезона Партизан го чекаат огромни промени.

Овој заклучок се темели пред се врз основа на фактот дека на многумина им истекуваат договорите со клубови, и тоа на најголемите ѕвезди меѓу црно-белите.

Кевин Пантер, Зек Ледер, Матијас Лесор, Џејмс Нанели, Данте Егзум, Алекса Аврамовиќ и Јоанис Папапетру ги завршуваат договорите со Партизан, па јасно е дека Жељко Обрадовиќ го чека летово сериозна задача да го осмисли тимот за новата сезона.

Според најавите, Лесор би можел да го продолжи договорот, а исто така и од менаџерскиот тим на Егзум најавија дека би можел подолго да остане во Хумска.

Во секој случај промени ќе има, ако се знае дека Пантер, Ледер и Нанели имаат сериозни понуди од евролигашки клубови. Партизан, пак, претходно го чека уште и битката за пехарот во АБА лигата.

Се вчитува...