Големото дерби во српскиот шампион помеѓу Црвена звезда и Партизан заврши со победа на актуелниот шампион од 2:1, а голем удел во триумфот имаше новиот македонски репрезентативец Матеј Гаштаров.
Популарното „Вечно дерби“ започна на најдобар можен начин, со гол во 49-та секунда од мечот.
Партизан поведе со голот на Бразилецот Же во 49-та секунда, но до крајот на првото полувреме, црвено-белите направија пресврт а голема улога во ова имаше Гаштаров.
Тој во 25-та минута беше фаулиран во шеснаесетникот на Партизан, по што судијата по консултација со ВАР, одлучи да досуди пенал кој го реализираше Мирко Иваниќ за 2:1 резултат кој на крајот се покажа како конечен.
Претходно, во 17-та минута Диенг го израмни резултатот. Црвена звезда е лидер на табелата со максимални 18 бодови од шест меча, додека Партизан на седум меча освои само седум бодови и се наоѓа на 12-та позиција на табелата од 14 екипи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
