Партизан го претстави Филиповски: Не размислував многу, ова е земја на кошарката

Словенскиот стратег со македонски корени, Сашo Филиповски и официјално беше претставен за нов тренер на Партизан,а неговиот договор е од крајот на сезоната, со можност за продолжување на соработката уште една година.

„Дојдов да дадам максимум, ја сакам кошарката и ќе дадам се од себе за чекор по чекор да се посветам на играчите и екипата, да напредуваме од натпревар во натпревар, од тренинг во тренинг. Важен е првиот тренинг и првиот натпревар, доколку си спремен и дадеш се, не треба да се плашиш. Нема да ветувам ништо, бидејќи оној кој ветува, секогаш е должен. Ме интересира само како ќе работиме и како ќе го подигнеме квалитетот, индивидуално и тимски“ – изјави Саша Филипиовски.

Искусниот стратег во досегашниот дел од својата кариера ги има предводено тимовите на Олимпија, Локомотив, Рома, Зиелена Гора, Банвит и Монако.

„Не размислував многу, ова е земја на кошарката, а Партизан е голем клуб. Многупати доаѓав тука и се осекав одлично. Ја прифатив оваа понуда, голема е честа, но и обврската да дадам максимум“ – додаде Словенецот.

Помошник на Филиповски, како и во последните два тима, Банвит и Монако, ќе биде македонскиот тренер Боби Митев.

Се вчитува...