„Партизан и Ц. Звезда речиси 100% ќе играат во Евролигата – Треба да ја напуштат АБА“

Поранешниот кошаркар на Партизан, Горан Грбовиќ, согласно добро упатени извори од Евролигата вели дека Партизан и Црвена Звезда, и двата тима со сигурност ќе играат во најквалитетното европско клупско натпреварување и следната сезона.

Според него, двата клуба треба добро да се фокусираат на Евролигата а да го напуштат натпреварувањето во АБА лигата.

„Партизан и Црвена Звезда 99% ќе играат во Евролигата и следната сезона, но таму ќе бидат потполно поразлични. Да сум на нивно место без размислување би излегол од АБА лигата и би почнал да размислувам за создавање силна српска лига. Партизан и Црвена Звезда последниве две сезони силно влијаеја на популарноста на Евролигата и затоа челниците на најквалитетното европско натпреварување не сакаат да се откажат од нив. Како директор на Арената секогаш сум на натпреварот, и знам дека Евролигата многу го цени тоа што немаше ниту еден инцидент на нивните дуели во Белград. Евролигата тоа многу го цени и од добри извори знам дека ќе играат и следната сезона“ – вели Грбовиќ.

Се вчитува...