Екипите на Партизан и Црвена звезда остварија гостински триумфи во четвртото коло во АБА-лигата како загревање пред меѓусебната пресметка (четврток 20.45 часот) во рамки на Евролигата.
Партизан со 84:89 беше подобар од Босна иако во последната четвртина имаше и 18 поени предност (59:77). Сепак, „црно-белите“ успеаја да ја сочуваат предноста и со поените на Пајола на 20 секунди до крајот да ја заверат третата победа во третиот меч во АБА-лигата.
Танасковиќ со 18 поени беше најдобар кај Партизан, додека во редовите на Босна, Пери даде 21 поен.
Црвена звезда беше поубедлива со 78:97 ја победи Крка на гости и ја запиша втората победа во третиот натпревар.
Џаред Батлер со 21 поен ја предводеше листата на стрелци кај Црвена звезда, додека кај Крка најрасположен за игра беше Болдвин кој даде 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
