Партизан конечно најде нов центар, донесе екс-играч на Црвена Звезда

Партизан конечно ги разреши дилемите со центарската позиција откако белградските „црно-бели“ денеска го официјализираа трансферот на Матијас Лесор. Центарскиот дел од тимот остана проблем од почетокот на сезоната, тренерот Жељко Обрадовиќ инсистираше на решение во пресрет на вториот дел од сезоната, а управата конечно успеа да пронајде заеднички јазик со Лесор, со кого преговараше и пред неколку месеци.

Францускиот репрезентативец, кој во првите неколку месеци од сезонава ги бранеше боите на Макаби, се враќа назад во Белград откако пред две сезони го носеше дресот на Црвена Звезда.

Покрај за „црвено-белите“ од Белград, тој има настапувано и за Нантер, Шалон, Баерн, Уникаха, а ланската сезона ја мина во Монако, тим со кој го освои Еврокупот. Воедно, тој беше дел од француската репрезентација што го освои бронзениот медал на СП 2019 што сеодржа во Кина.

Се вчитува...