Партизан конечно успеа да слави против Црвена Звезда

Жељко Обрадовиќ конечно во третиот натпревар успеа да победи против Црвена Звезда по неговото доаѓање во Партизан, откако вечерва во 20. коло од АБА лигата во арената „Александар Николиќ“ „црно-белите“ славеа со 98-84.

Домаќините подобро го отворија натпреварот, погодуваа буквално од секоја позиција и по првите десет минути имаа водство од 28-21. Вториот период беше тотално различен. Двете екипи ги зацврстија одбраните и ако Партизан во првата четвртина сам постигна 28 поени, во втората двата тима заедно постигнаа 25, а на пауза „црно-белите“ заминаа со позитива од 40-34.

Гостите одлично го отворија второто полувреме. Играа полетно во нападот, реализираа од секоја позиција и успеаја пред последниот период целосно да се вратат во натпреварот и да го однесат во егал завршница (64-63).

Во последната четвртина Аврамовиќ буквално погодуваше од секаде и беше енигма за одбраната на „црвено-белите“, па на неговите крила Партизан успеа да стигне до конечен триумф од 98-84.

Токму Аврамовиќ со 33 поени (8/10) за тројка беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Холинс заврши со 15 поени.

Се вчитува...