Партизан не го дава најдобриот шутер

Раководството на Партизан е во исчекување на одлуките дали ќе продолжат натпреварувањата во Еврокупот и во АБА-лигата, а „црно-белите“ во меѓувреме го користат времето за преговори за продолжување на соработката со клучните играчи. Навивачите на белградскиот клуб денеска имаат причина за задоволство откако беше објавено дека најдобриот шутер на тимот, Маркус Пејџ, потпиша двогодишен договор со Партизан.

За услугите на Пејџ се интересираа неколку евролигашки екипи, најзагреан беше Олимпијакос, но Американецот на крајот сепак реши да го продолжи престојот во Белград. Маркус Пејџ сезонава во АБА-лигата постигнуваше по 10,7 поени на натпревар за тимот на тренерот Тринкиери, со прецизност од 48% на шутевите од далечина.

Претходно Партизан ја продолжи соработката и со Раде Загорац, а се очекува до крајот на месецов нови договори да потпишат уште неколку кошаркари на „црно-белите“.

Се вчитува...