Партизан не планира да застане со засилувањата, „црно-белите“ чекаат нов центар

Зоран Савиќ, спортскиот директор на Партизан, изјави дека пред почетокот на новата сезона, тимот на „црно-белите“ ќе биде засилен со уште еден кошаркар и тоа на центарската позиција.

Под кошевите, тимот од Белград ги има само Балша Копривица и Душан Милетиќ што е премалку за остварување на амбициите на четири фронта. Тоа го покажа и настапот на турнирот во Атина во текот на викендот каде загуби од Панатинаикос и Улм.

„Имаме најмлад тим во Еврокупот, бараме уште едно засилување, висок играч за да го комплетираме ростерот“, изјави Савиќ.

Инаку, Партизан ја почнува новата сезона претстојниот викенд, со гостувањето кај Задар во првото коло од АБА лигата.

Се вчитува...