Партизан по осум години се враќа во Евролигата!

Српскиот кошаркарски клуб Партизан по пауза од осум години се враќа во Евролигата, пренесува српски „Моцарт-спорт“. Конечната одлука Евролига ќе ја донесе во четврток, но со оглед на тоа што само два клуба аплицираа за специјална покана (Партизан и Валенсија) тоа значи дека овие два клуба ќе ги пополнат двете последни места во елитата.

Партизан и Валенсија во Евролигата ќе дојдат на местото на руските ЦСКА Москва и Зенит кои поради инвазијата на Русија се суспендирани од учество во натпреварувањето на најдобрите кошаркарски клубови.

Со враќањето на Партизан и Валенсија, Евролигата ќе ги добие сите претставници за сезоната 2022/2023 година. (Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Олимпија Милано, Олимпијакос, Панатинаикос, Макаби, Жалгирис, Анадолу Ефес, Фенербахче, АСВЕЛ, Баерн Минхен, Виртус Болоња, Монако, Црвена Звезда, Партизан и Валенсија).

Се вчитува...