Партизан потпиша со Американец со албански пасош

Жељко Обрадовиќ го ангажираше и петтото засилување во Партизан откако беше официјализиран трансферот на американскиот плејмејкер Далас Мур. Она што е интересно е што овој кошаркар поседува и албански пасош, а веќе имаше и неколку настапи како натурализиран кошаркар за оваа репрезентација, во квалификациите за Евробаскет.

Станува збор за 27-годишен играч кој ланската сезона ја мина во кинескиот Гвангжу, каде имаше одличен просек од 26,3 поени и 5,6 асистенции по натпревар. „Црно-белите“ беа во преговори со Лоренцо Браун од Фенербахче, но откако овој кошаркар реши да ја прифати понудата на Уникс, Партизан експресно ги финишираше преговорите за доаѓање на Мур. Тој има настапи во европската кошарка како член на Хапоел Тел Авив, Торино и на Нантер, каде играше се до почетокот на пандемијата.

Пред Мур, Партизан успешно ги комплетираше и трансферот на Кевин Пантер, Зек Ледеј, Алекса Аврамовиќ и на Родионс Курукс.

Се вчитува...