Партизан реди победи, и Баерн падна во Белград

Белградски Партизан ја нанижа и третата едноподруго победа во Евролигата, триумфирајќи против Баерн во 16. коло со 83-77.

Партизан беше подобриот тим на терен во текот на цеиот меч, иако пресудно за победата беше првото полувреме кое црно-белите го одиграа одлично со предност од цели 12 поени, (41-29).

Во второто полувреме германскиот тим се обиде да се врати во игра, но единствено што успеа е да го ублажи поразот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Данте Ексум со 19 поени, Матијас Лесор запиша 16 поени а Ледеј мечот го заврши со 15 постигнати поени. Кај Баерн се издвои Отело Хантер со 16 поени и 14 скока.

Се вчитува...