Партизан славеше во „вечното дерби“ за петта победа во АБА лигата

Кошаркарите на Партизан славеа во „вечното дерби“ против Црвена Звезда во 7. коло од АБА лигата. Црно-белите триумфираа со 75-72, на тој начин стигнувајќи до петтата победа во регионалното натпреварување сезонава.

Партизан фуриозно го почна мечот, со цврста одбрана и сигурен напад добивајќи го првиот период од играта со седум поени разлика. Сепак, црвено-белите не дозволија во продолжението лесно одлепување па одржуваа неизвесност до самиот крај кога на 52 секунди до крајот, со поените на Филип Човиќ, стигнаа на само еден поен негатива од 73-72. Но потоа Партизан се одбрани а со поените на Пејџ на пет секунди пред крајот стигна до конечната победа од 75-72.

Варден со 13 поени и Гордиќ со 12 поени беа предводници во триумфот на Партизан, а Човиќ со 14 поени беше најефикасен во редовите на Црвена Звезда.

За Црвена Звезда, пак, продолжи турбулениот период по заминувањето на тренерот Милан Томиќ. По поразот од АСВЕЛ на домашен терен во петокот, сега следи нов, трет пораз, во АБА лигата.

Се вчитува...