Партизан со доживотна казна за навивачот што плукна судија, плус ќе следи тужба за 5.000 евра

Кошаркарскиот клуб Партизан се реши со конкретен чекор да се спротивстави на хулиганското однесување на индивидуалци од сопствениот навивачки табор.

Откако еден од судиите беше плукнат по натпревар од Евролигата против Басконија, „црно-белите“ објавија дека лицето со иницијали С.Г. е идентификувано и му е изречена забрана за присуство на сите домашни натпревари на КК Партизан.

Воедно, раководството на „црно-белите“ објави дека е казнето со 5.000 евра за овој инцидент од Евролигата, сума за која дополнително ќе го тужи неодговорниот навивач.

Се вчитува...