Партизан со идеја: Меч од Евролигата на стадион во Белград?!

Партизан игра одлично во првата сезона по повеќе од една деценија отсуство од Евролигата, „црно-белите“ се блиску до пласман во четвртфиналето, а првиот човек на клубот, Остоја Мијаиловиќ, откри дека неодамна имал и интересна комуникација со челниците на елитното европско натпреварување.

Имено, Мијаиловиќ ја разгледувал опцијата Партизан еден од наредните домашни натпревари во Евролигата наместо во белградска Арена, да го игра на стадионот на ФК Партизан.

„Пред некој ден разговарав со човек од Евролигата, го прашав, онака полу на шега, полусериозно, ако дојдеме во Топ 8, дали има можност тој натпревар да се игра на отворено. Ми падна на памет да псотавиме монтажен паркет на стадионот на Партизан и таму да одиграме четвртфинале. Сигурен сум дека би го наполниле стадионот, тоа би бил вистински спектакл. Секако, тоа нема да се случи бидејќи Евролигата не го дозволува, но само погледнете ја побарувачката за билети за нашите натпревари“, изјави Мијаиловиќ за клупската телевизија на Партизан.

Се вчитува...