Партизан со триумф успеа да ја заврши сезоната во Евролигата откако белградските „црно-бели“ славеа на домашен терен над Басконија со 91-79.
Сезоната на Партизан беше крајно турбулентна, резултираше со „земјотрес“ – заминување на тренерот Жељко Обрадовиќ, а на неговиот наследник Жоан Пењароја му беше потребно време за шок-терапија. Партизан одлично ја заврши сезоната, со осум победи во последните девет рунди, што сепак беше премалку за овој тим да стигне до посакуваниот пласман во доигрувањето.
Што се однесува до самиот дуел со Басконија, победата е апсолутно заслужена, АБА-шампионот имаше контрола над резултатот, а во главна улога беа Џекири со 16 и Браун и Џонс со по 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
