Партизан совладан во Тел Авив, Барселона ја доби драмата со Асвел

Кошаркарите на Партизан претрпеа нов гостински пораз во Евролигата. Овој пат во Тел Авив подобар од српскиот тим беше Макаби кој славеше со 90-81. Домаќините беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот, а умешно ја задржаа предноста до самиот крај и покрај обидите на белграѓани за враќање на неизвеноста.

Кевин Пантер го предводеше Партизан со 22 поени и 3 асистенции, додека лидер на Макаби беше Лоренцо Браун со 21 поен и 5 асистенции.

Барселона стигна до 12 победа во најсилното европско првенство откако славеше на гостувањето кај Асвел со 75-82. Во неизвесниот натпревар победникот беше решен во последните минути кога шпанскиот состав направи серија од 8-2.

Фал беше прво име на мечот со 23 поени и 6 скока, додека со 19 поени и 4 скока гостите ги предводеше Миротиќ.

Валенсија успеа да стави крај на серијата од два порази во низа совладувајќи го актуелниот шампион Ефес со 81-71.

Се вчитува...