Партизан триумфално во Болоња, Реал Мадрид загуби од Басконија

Повеќе од значајна победа за Партизан на гостувањето против Виртус Болоња со 79-88 со кој го запиша 15-от триумф во 27. коло од Евролигата.

Составот на Жељко Обрадовиќ беше подобар тим на гостувањето во Италија во текот на целиот меч, но триумфот го осигура со одличната игра во последната четвртина која ја доби со 16-22 за финална победа.

Предводници во победата на Партизан беа Данте Ексум и Кевин Пантер со по 17 поени, а со 16 поени заврши Џејмс Нанели.

Неочекуван пораз доживеа Реал Мадрид од Басконија со 81-85, со што го препушти врвот во Евролигата на Олимпијакос.

Се вчитува...