Партизан во мрак, поради долг исклучена струјата на стадионот

На стадионот на Партизан вчера била исклучена струјата поради долг од 26 милиони динари (13 милиони денари), пренесуваат српските медиуми. Исклучени се броилата во сопственост на фудбалскиот клуб, додека канцелариите и просториите кои се под ингиренции на спортското друштво имаат електрична енергија. Исклучено е напојувањето и на рефлекторите.

Моментално исклучувањето не ги „погоди“ играчите на Партизан кои во моментов се на подготовки во Словенија. Меѓутоа долгот е наталожен веќе со месеци, и ќе мора да се подмири до почетокот на сезоната.

Од ФК Партизан како одговорни за долгот го споменуваат Југословенското спортско друштво, чие ново раководство е во спор со челниците на фудбалскиот клуб. До почетокот на сезоната има нешто помалку од еден месец, и „црно-белите“ ќе мора да го решат овој проблем.

Се вчитува...