Пасквал го објави списокот од 22 ракометари за баражот против Македонија

Селекторот на ракометната репрезентација на Романија, Чави Пасквал, го објави списокот на ракометари пред двомечот со Македонија во првиот бараж за Светското првенство во 2023 година.

На списокот на Шпанецот се најдоа 22 ракометари, а на него го нема голманот на францускиот Сент Рафаел, Михаи Попеску кој во овој двомеч ќе биде дел од стручниот штаб на романската репрезентација. Од повиканите ракометари само двајца играат надвор од Романија, а тоа се Александру Шимицу од Сент Рафаел и Демис Григорас од Бенфика.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Романија се игра на 17. март во Скопје, додека реваншот е закажан за два дена подоцна во Букурешт.

Список на Романија:

ГОЛМАНИ: Јонут Јанку (Стеауа), Дан Василе (Констанца), Александру Букатару (ЧСМ Букурешт)

БЕКОВИ: Андреј Бузле, Калин Кабут (Баја Маре), Кристијан Гита (Потаиса Турда), Роберт Милитару, Дан Ракоцеа, Октавијан Бизау (Динамо Букурешт), Едуард Јордаче (Бакау), Габриел Бурлаку (Стеауа), Габриел Кумпаник (Васлуи), Јанус Димитреску (Темишвар) Александру Шимицу (Сен Рафаел), Демис Григорас (Бенфика).

КРИЛА: Валентин Јонеа, Никусор Негру (Динамо Букурешт) Сабин Константина (Стеауа), Роланд Талмајер (Потаиса Турда)

ПИВОТИ: Габрил Димитриу (Потаиса Турда), Адријан Ротару (ЧСМ Букурешт), Калин Деду (Динамо Букурешт)

Се вчитува...