Пасквал: Клучен во баражот ќе биде натпреварот во Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија в четврток ќе ја пречека Романија на домашен терен во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на Светското првенство 2023 година во Шведска и Полска.

Селекторот на репрезентацијата на Романија вели дека клучен во овој двомеч ќе биде натпреварот кој ќе се одигра во Скопје.

„Работиме многу од септември, поголемиот дел од тимот знае што треба да направи. Против Македонија ќе биде тешко, оваа репрезентација е подобра од нас, играше на последните турнири, имаат искуство. Моите момци се „гладни“ да направат важни резултати. Атмосферата е добра, единствениот проблем е што имаме повредени играчи и мораме да направиме некои потези, но имаме решенија. Единствена ооција за да го минеме овој бараж е да направиме добар резултат во Македонија на гости, каде не очекува неверојатна атмосфера. На мечот во Букурешт ќе ни треба полна сала, но за тоа најважно е да постигнеме добар резултат на гости“, изјави Чави Пасквал, селекторот на романската машка ракометна репрезентација.

Мечот меѓу Македонија и Романија ќе се игра в четврток во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот, додека реваншот е закажан за два дена подоцна во Букурешт.

Се вчитува...