ЕКИПА во Келн,
Катерина Павлова Николовска
Во речиси беспрекорната сезона во Лигата на шампионите, Барселона во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн ќе се соочи со непредвидливиот Вардар кој со оглед на ситуацијата во која се наоѓа е најголемото изненадување за ракометна Европа. Карактерот на Вардар го потенцира и тренерот на шпанскиот тим Чави Пасквал во пресрет на полуфиналната пресметка.
„Вардар не беше меѓу фаворитите на стартот од сезоната. Но, во текот на сезоната Вардар покажа многу и пред се покажа карактер. Играат добро, ги изненадија сите. Не е лесно да се елеминира Пик Сегед. Одгираа два тешки натпревара против нив. Ова е голем момент за Вардар, тие можат да ги изненадат сите. Затоа ние мора да бидеме најдобри“ – ни изјави Пасквал
Со оглед на тоа како Барселона ја мина сезоната, тимот на Пасквал не може да го избегне статусот на фаворит кој речиси сите им го наметнуваат.
„Ако ми го давате документот на кој стои дека сме фаворите, не го земам, но ако мора еве го прифаќам фаворитскиот статус. Сепак мора да ја покажаме добрата игра од сезоната“ – вели шпанскиот тренер.
Вардар и Барселона се соочуваат во вториот дуел од полуфиналната програма утре. Пред две години, „црвено-црните“ по полуфиналната елиминација на каталонскиот тим ја освоија шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА