Паспаљ доживеа мозочен удар во САД

Поранешниот прославен југословенски кошаркар Жарко Паспаљ доживеал мозочен удар во текот на својот престој во САД, информираат српските медиуми. Тој сега се опоравува во болница во Сан Антонио, а добива голема помош и поддршка од своите пријатели од клубот, и од тренерот Грег Попович.

Во посета на Паспаљ му дојде и Владе Дивац, кој веднаш дошол од Сакраменто. Дивац информира дека Паспаљ успешно се опоравува и ја има сета потребна нега.

Паспаљ во 2001 година има доживеано и два срцеви удари.

Се вчитува...