Пасторе после седум години се враќа во Серија А

По седум години поминати во ПСЖ, аргентинскиот фудбалер Хавуер Пасторе се враќа во Италија. Според италијанските медиуми, поранешниот фдубалер на Палермо, е пред потпис со Рома.

Пасторе доаѓа во Рим со обесштетување од 18 милиони евра и годишна плата од четири милиони, плус бонуси.

Аргентинецот ќе биде петтото засилување за Рома во летниот преоден рок, откако претходно во Рим пристигнаа и Брајан Кристанте, Анте Чориќ, Иван Маркано и Џастин Клајверт.

Пасторе зарепрезентацијата на Аргентина има одиграно 29 натпревари, но не се најде на списокот на селекторот Хорхе Сампаоли за СП во Русија.

Се вчитува...