Пато се враќа на „Сан Сиро“?

Италијанскиот калчолигаш Милан размислува за засилување на навалната линија во зимскиот преоден рок, а медиумите најавуваат интересен трансфер. Александре Пато, бразилскиот интернационалец кој од 2007 до 2013 година настапуваше во дресот на „росонерите“, би можел да се врати на „Сан Сиро“. Тој во моментов настапува во кинескиот клуб Тијанџин куанџиан, а раководството посакува да го врати во Милано.

Преговорите се во тек, но голема кочница е отштетната клаузула од 25 милиони евра, која Милан нема намера да ја плати. „Росонерите“ исто така водат преговори и со шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ, кој размислува да се врати во Европа по авантурата во МЛС – лигата на САД.

Останува во следните денови да се види и конечната пресуда на УЕФА за кршењето на финансискиот ферплеј, бидејќи ако се реализираат најавите за трансфер-забрана ниту Пато ниту пак Ибрахимовиќ нема да можат да се вратат назад во таборот на Милан.

Се вчитува...