Патот до финалето: Вардар делува недопирливо пред Будимпешта (видео)

Ракометарките на Вардар се подготвени за атакот на големиот трофеј во Лигата на шампионите, титулата што во претходните сезони им се лизгаше низ прстите на „црвено-црните“ на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Унгарската престолнина и годинава е домаќин на женската ракометна елита, а „вардарки“ со игрите во текот на целата сезона покажаа дека се зрели за големата титула. Во текот на првата фаза македонскиот првак забележа шест победи, во главната групна фаза имаше пет победи и еден пораз (во Франција од Мец), за во четвртфиналето два пати да слави и над Митјиланд.

Јасно е, најтешкото допрва следи, но „црвено-црните“ имаат и квалитет и искуство за да одговорат на овој предизвик и во својата последна заедничка сезона да се искачат на тронот.

Се вчитува...