Патот кон СП на ракометарите почнува од Романија

Македонската ракометна репрезентација ќе се сретне со соодветната селекција на Романија во првиот од двата предвидени бараж дуели во квалификациите за СП 2023 што ќе се одржи во Полска и во Шведска.

„Црвено-жолтите“ се надеваат на продолжување на настапите на големите натпреварувања, а прва задача ќе биде да се елиминираат Романците. Првиот дуел од овој двомеч ќе се игра во Скопје на 14 март, а реваншот на теренот на противникот шест дена подоцна.

Доколку Македонија ја мине првата пречка, втората и последна барикада на патот до мундијалски билет ќе мора да биде надмината во месец април (11 и 17 април се датумите за одигрување на овие средби).

Се вчитува...