Патрик Виеира за првпат во кариерата станува селектор

Патрик Виеира е без ангажман речиси цела година по неславниот старт на ланската сезона со Џенова (девет меча без победа, само четири постигнати гола), но легендарниот Французин е на добар пат да осигура нова работа – и тоа прва како селектор во својата кариера.

Сенегал е државата чии челници на фудбалската федерација сакаат да го ангажираат Виеира, со надеж дека Французинот кој има светска и европска круна со „триколорите“ како играч ќе успее тој менталитет да го пренесе и како предводник на оваа африканска селекција.

Сенегалците го сменија Папе Тиав по елиминацијата во нокаут фазата од СП 2026, и тоа крајно несреќна откако беа прокоцкани два гола предност во последните неколку минути. Тиав веднаш по враќањето во татковината доби отказ, по што стартуваше потрагата по нов селектор со Виеира како главен фаворит.

Преговорите се веќе во напредна фаза и доколку не дојде до неочекуван пресврт, легендарниот Французин во следните неколку дена ќе потпише двогодишен договор како селектор на Сенегал.

Се вчитува...