Пау Гасол: Ќе играм за Шпанија и на СП во Кина

Шпанската кошаркарска мегаѕвезда Пау Гасол најави дека ќе игра за националниот тим и на Светското првенство во Кина ова лето. Иако ќе наполни 39 години, тој и понатаму има огромна желба да настапува за „црвената фурија“.

„Ако бидам здрав, сигурно ќе играм во дресот на Шпанија на Светското првенство во Кина. Секогаш со гордост настапувам во националниот тим, сакам да имаме добар Мундијал и да се пласираме за Олимписките игри во Токио. Можам да кажам дека и следните ЛОИ се мојата цел“, изјави Пау Гасол.

Тој шест пати настапуваше на Олстар викендот, има два шампионски прстени во НБА лигата и се уште е гладен за успеси и со тимот на Сан Антонио Спарс и со кошаркарската репрезентација на Шпанија.

Се вчитува...