Паурич: Да е среќа да освоиме барем бод против Македонија

Селекторот на репрезентацијата на Лихтенштајн, Рене Паурич е реален пред утрешниот последен квалификациски натпревар за пласман на СП 2018 против Македонија во Струмица.

Паурич на денешната прес-конференција во Струмица посочи дека за нив ќе биде голем успех ако стигнат и до бод на утрешната средба…

„Знаеме дека Македонија, по она одлично реми со Италија, сега на домашен терен ќе посакува со победа да ги заврши квалификациите. Јасно е дека Македонија е фаворит, а за нас ќе биде голем успех ако стигнеме до бод. Ако јас се прашувам нека биде 0-0“ – истакна Паурич, дополнувајќи дека неговите избраници се подготвени да пружат добра партија, иако малку се изненадени од ладното време.

„Да бидам искрен очекувавме потопло време на југот од Европа… Во секој случај секој во нашиот тим е добро подготвен за максимално издание и борба да стигнеме до добар резултат“ – рече селекторот на Лихтенштајн.

Македонија и Лихтештајн утре на стадионот „Младост“ во Струмица во последното коло од квалификациите за СП 2018 ќе играат со почеток од 20:45 часот.

Се вчитува...