Мате Павиќ и Никола Мектиќ се освојувачи на златниот медал во парови на тенискиот турнир на Летните олимписки игри во Токио. Тие во финалето славеа над сонародниците Марин Чилиќ и Иван Додиг со 2-1 по сетови 6-4, 3-6 и 10-6.
Павиќ и Мектиќ продолжуваат со неверојатната сезона и по титулата на Вимблдон успеаја да стигнат и до најсјајното одличје на игрите.
Во мечот за бронзата претходно, Даниел и Венус од Нов Зеланд славеа над Американците Сандгрен и Крајчек со 2-0 (7-6 и 6-2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА