Павле Атанасијевиќ останува во Еурофарм Пелистер до 2026 година (ФОТО)

Eден од најталентираните македонски ракометари, Павле Атанасијевиќ останува дел од Еурофарм Пелистер до 2026 година, потврди битолскиот клуб. Сега 19-годишникот ја игра третата сезона пред битолската публика, а добрите настапи му донесоа и заслужено продолжување на соработката.

Атанасијевиќ е задоволен од времето поминато во Еурофарм Пелистер и настапите пред битолската публика.

„Дојдов пред три години и тоа беше ново искуство за мене. Со тек на време секоја година по година прогресив сè повеќе и повеќе. Прво започнав со тренерот Александар Јовиќ, кој ме упати, а потоа новиот тренер Ларс Валтер ми укажува на грешките и прави да бидам подобар играч. Ми дава мотив да напредувам и да играм подобро. Атмосферата тука е многу убава, посебно кога се игра пред полна сала. За мене ова е големо искуство, посебно кога играме на европската сцена. Тоа е мотив плус за мојата работа“, вели Атанасијевиќ.

Се вчитува...