Павле Михајлоски го засили Феникс 2010

Новajлијата Феникс 2010 продолжува со составување на тимот за следната сезона, а по потпишувањето на договор со Михајло Арсоски клубот сега ја договори соработката и со Павле Михајлоски.

Михајлоски во Феникс 2010 доаѓа од редовите на Пелистер каде изминатата сезона на 22 одиграни натпревари бележеше просек од 3.5 поени и 2.5 скока за десет минути поминати на паркетот. Но покрај скромниот просек, 22-годишникот имаше позапазена улога кај „зелено-белите“ во разигрувањето за титула со оглед на повредата на Бојан Трајковски.

Покрај поранешниот играч на Вардар и Блокотехна составот на Денис Дервишевиќ во следниот период ќе се засили со уште неколку играчи од домашната сцена кои покрај Митревски, Богатиновски, Хот и останатите ќе се борат во дебитантската сезона на клубот помеѓу најдобрите екипи во мак-баскетот.

Се вчитува...