Павлов се врати назад во Прилеп

Суперлигашот Прилеп продолжува со засилувањата за наредната сезона откако успеа да го врати во своите редови десниот бек Синиша Павлов.

Овој ракометар и претходно го носеше дресот на прилепчани, но на полусезоната се пресели во редовите на Голден Арт.

„Талентираниот Прилепчанец кој на полусезона го засили прилепскиот суперлигаш од редовите на Голден Арт се обврза на нова тригодишна соработка. Станува збор за 200 цм висок десен бек кој со своите осумнаесет години претставува иднина на прилепскиот и македонскиот ракомет. Му посакуваме многу успеси во дресот на Прилеп“, објавија прилепчани на својата официјална фејсбук-страница.

Се вчитува...