Пазарање на „македонски начин“: Шкупи тестира седум фудбалери од Нигерија и Сенегал (ФОТО)

Не е никаква тајна начинот на кој пазарат македонските клубови… Било така во минатото, а очигледно така е и сега, со „контигенти“ фудбалери кои доаѓаат на проба, главно од латино-американските или африканските земји. И Шкупи се одлучи очигледно дел од засилувањата за новата сезона да ги бара преку тестирање на седум млади фудбалери од Нигерија и од Сенегал.

Како што информираат на официјалната интернет страница, на тренинзите на тимот од денеска се приклучени седумте нови имиња од кои преку проба ќе бидат одредени тројца кои ќе останат во клубот, а останатите ќе бидат испратени на позајмица во други домашни клубови.

Седумте фудбалери кои ќе бидат на проба наредниот период се Ебере Огади Езеора (среден ред) од Нигерија, Онебучи Емануел Ифеаини (дефанзивец) од Нигерија, Олусегун Олатоби Олалере (дефанзивец) од Нигерија, Армел Браџи Дакури (среден ред) од Нигерија, Абулкадри Занго (десен бек) од Нигерија, Муса Марон (напад) од Сенегал и Фаустин Сенгор (среден ред) од Сенегал.

Се вчитува...