Пеџа Стојаковиќ, револтиран од отказот за Дивац, заминува од Сакраменто

По вчерашната вест за повлекувањето на југословенската кошаркарска легенда, Владе Дивац од функцијата генерален менаџер на Сакраменто, сега нова информација за заминување на уште еден Србин од менаџерските функции во клубот, Предраг Стојаковиќ.

Како што пренесуваат дел од американските медиуми, револтиран од отказот за Дивац, Пеџа Стојаковиќ се одлучил да се повлече од менаџментот во клубот, и покрај тоа што никој тоа не го барал од него. Стојаковиќ изминативе пет години беше помошник на генералниот менаџер, Владе Дивац.

 

Дивац беше генерален менаџер на Сакраменто во последните пет години, но не успеа да состави квалитетен состав што би се вклучил во борбата за висок пласман. „Кралевите“ и сезонава останаа без место во плејофот, по што беше донесена одлука Дивац да не биде повеќе прв оперативец на клубот. За главен „грев“ на легендарниот кошаркар му се зема лошиот избор на драфтот во 2018 година, кога Дивац можеше да го земе Лука Дончиќ, но наместо него го избра Марвин Багли.

Нов генерален менаџер на Сакраменто е легендарниот плејмејкер на Детроит, Џо Думарс, кој минатата година ја извршуваше функцијата специјален советник на генералниот менаџер.

Се вчитува...