Педро останува во Челси до 2020 година

Шпанскиот интернационалец Педро останува во Челси до 2020 година. Тој имаше договор до 2019 година, но лондонските „сини“ се договорија за продолжување на соработката за една дополнителна сезона, осигурувајќи се дека тој наредното лето нема да си замине како слободен играч.

Маурицио Сари има максимална доверба во Педро, шпанскиот офанзивец постигна неколку голови во подготвителниот период и се очекува да биде стартер на почетокот од новата премиерлигашка сезона.

Ова е многу добро за мене, среќен сум во клубот и затоа не размислував премногу кога ми беше понуден нов договор. Сакам да продолжам, да освојувам трофеи со Челси“ – изјави Педро, кој пристигна на „Стемфорд бриџ“ во 2015 година од редовите на Барселона.

Се вчитува...