Педро се враќа во Барселона?

Шпанскиот фудбалер Педро Родригез на крајот од јуни ќе биде слободен агент, ќе го напушти Челси и би можел да се врати во Барселона, откриваат медиумите на Островот. Тој дефинитивно нема да го продолжи договорот за да остане на „Стемфорд бриџ“, но се актуелизира неговото враќање на „Камп Ноу“ каде мина прекрасни мигови од 2008 до 2015 година.

„Ситуацијата околу коронавирусот влијаеше на сите. Знам дека има договор до 30 јуни и треба да добијам дефинитивен одговор од Челси дали веќе не смета на мене. Подготвен сум да ги слушнам и сите други понуди и потоа ќе решам каде ќе ја продолжам кариерата“, изјави 33-годишниот крилен фудбалер.

За Педро се интересираат Бетис, Њукасл и Астон Вила, но тој би можел да се врати во Барселона како слободен агент. Големите клубови нема премногу да вложуваат во нови засилувања, а Педро би пристигнал на „Камп Ноу“ без отштета.

 

 

Се вчитува...