Педро со еврогол донесе радост на „волчицата“

Рома од трет обид стигна до првата овосезонска победа, триумфирајќи на гостувањето против Удинезе со минимални 0-1. Педро беше човекот на одлука на мечот на „Фриули“, откако шпанскиот ас стрелаше прецизно од околу 25 метри на стартот на второто полувреме, гол што се покажа клучен за победникот на оваа средба.

Илија Несторовски повторно не беше стартер кај Удинезе, македонскиот напаѓач влезе во игра дури во 86. минута, минувајќи премалку време на теренот за да го загрози голот на „римската волчица“.

Се вчитува...