Пејовиќ: Бутел има цврста одбрана, но искуството е адут на Пролет

Пролет и Бутел се израмнети со по 21 бода на делба на четвртото место на суперлигашката табела, а двата градски ривали утре (18 часот, сала „Македонско сонце“) ги очекува нова битка за заокружување на првиот круг од Супер-лигата на домашната ракометна сцена.

Избраниците на тренерот Андон Бошковски се свесни за тежината на натпреварот, против ривал што секогаш го одликува цврста игра во одбраната против која редовно се постигнуваат мал број на погодоци.

Натпреварите со Бутел секогаш се тешки и полни со набој, желба за победа на двата тима. И Тинекс Пролет и Бутел имаат големи амбиции, сакаат да бидат веданш зад Вардар и Пелистер. Бутел игра многу цврста одбрана, овој тим е многу агресивен, а сега и со Чаневски на голот е уште потешко да се најде патот до мрежата. Секако дека и ние имаме свои предности, пред се мораме уште еднаш да докажеме дека сме екипа која знае како да игра и да победува тешки натпревари, нешто што во повеќе наврати го докажавме минатата сезона. Искуството е на наша страна, но ова ќе биде меч што ќе го одлучат нијанси, ќе се игра на една или на две топки… Кој ќе биде посконцентриран во тие клучни моменти на крајот ќе се радува на победата“, изјави Жарко Пејовиќ, еден од најискусните во таборот на Тинекс Пролет.

Се вчитува...