Пекинг воведе карантин поради Олимписките игри, во тек е масовно тестирање

Неколку области во Пекинг се ставени под карантин откако беа регистрирани нови случаи на коронавирус по пристигнувањето на спортистите во кинескиот главен град во пресрет на Зимските Олимписки Игри. Од оние кои пристигнаа во Пекинг до саботата, тестирани се 8.000 спортисти и официјални лица, од кои 211 биле позитивни на тестирањето на коронавирус.

„Локдаунот“ е воведен во областа околу еден од хотелите каде што престојуваат новинарите. На оваа улица има постојана редица од локалното население за тестирање. Олимписките игри во Пекинг официјално се отвораат на 4 февруари, а првите натпревари започнуваат два дена претходно.

Во кинеската престолнина се воведени строги безбедносни мерки, маски мора да се носат дури и на улица.

Се вчитува...