Пеколен октомвриски ритам: Психолошка исцрпеност, многу повреди, но и криење на адутите пред Грузија…

Македонската репрезентација за првпат во историјата игра три натпревари од официјален тип под капата на УЕФА во само шест дена. Сето тоа, без сомнение, носи психолошка но и физичка исцрпеност кај фудбалерите, посебно ако се знае и дека против Грузијците ќе играме за помалку од еден месец во Тбилиси во далеку позначајното финале од Д Лигата на нации за пласман на ЕП.

На утрешниот натпревар со Грузија во 4.коло од Ц лигата на Лигата на нации, без сомнение, и селекторот Игор Ангеловски ќе сака да сокрие дел од адутите пред ноемвриското финале, иако јасно е дека ќе мора да бара мотивација кај своите избраници за атак на победа.

„Првпат во седум дена играме три натпревари. Првиот со Косово знаеме колку беше значаен. Ако репрезентации како Италија и Шпанија јавно упатија револт за три натпревари во седум дена, што имаат голем фонд на фудбалери, што останува за нас помалите репрезентации. На нас селекторите останува од тоа што го имаш да извадиш максимум. Ќе се потрудиме да го покажеме најдоброто, верувам дека и Грузија сака да биде прва. Очекувам од тоа што го има најдобро на располагање да го извади на мечот истото ќе го направам и јас“ – вели Ангеловски.

Речиси еднакво е размислувањето и на капитенот Горан Пандев…

„Косово и физички и психички не потроши, но подготвени сме утре да дадеме се од себе и да го добиеме натпреварот. Сите конкурираме за првите единаесет. Знаевме дека не очекува пеколен ритам. Свесни сме сите дека секој од нас ќе добие шанса и мора секој пооделно да ја искористи“ – вели Пандев пред утрешниот дуел.

Се вчитува...